10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СУДИИТЕ ОДЛУЧИЈА: Забраната за движење без маски е СПРОТИВНА НА УСТАВОТ

Забраната на движење доколку не се носи заштитна маска – е спротивна на Уставот. Таа ги ограничува осмновните права и слободи на човекот, решија уставните судии.

Уставниот суд на Босна и Херцеговина денеска одржа седница по електронски пат на која е донесена одлука дека мерката ограничено движење и носење маски за време на пандемија на коронавирус претставува кршење на основните човекови права.

Донесени се неколку одлуки, а најрелевантно за јавноста во БиХ е дека одлуките на Кризниот штаб на ФБиХ за забрана за движење и задолжително носење заштитни маски се „мешање во основните човекови права и слободи загарантирани со Уставот на БиХ и Европската конвенција за човекови права“.

„Во конкретниов случај, станува збор за кршење на правото на приватен живот и слободата на движење, кои се сторени со наредби на тесни сегменти на извршната власт за задолжително носење заштитни маски и ограничување на движењето, кризни штабови на министерствата за здравство“, соопшти Уставниот суд.

Исто така, се наведува дека одлуката на Кризниот штаб на Министерствата за здравство на ФБиХ претставува кршење на овие човекови права, имајќи предвид дека „немаше активно учество во усвојувањето и прегледувањето на нарачаните мерки од највисоките законодавни и извршни органи“.

Мерката за забрана за движење по 11 до 5 часот беше воведена на 10 ноември поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот, а потоа следуваа мерки за задолжително носење маски во затворено и надвор.

По усвојувањето на мерките, адвокатите од Сараево испратија жалба до Уставниот суд на БиХ и ги замолија да ги преиспитаат донесените мерки, како и да ја откажат мерката на Кризниот штаб на Сојузното Министерство за здравство до конечната одлука.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести