16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Скоро 80.000 заразени од почетокот во Македонија – ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Минатонеделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажа дека има намалување на бројот на заразени и починати лица од корона вирусот. Сепак се апелира тоа граѓаните да ги опушта бидејќи после празниците властите очекуваат да има и трет бран на пандемијата.

Според ИЈЗ од 14 до 20 декември, во споредба со претходните седум денови регистрирани се 159 починати лица од 25 градови во државата, што е намалување од 8,6 проценти во однос на минатата недела.

Од ИЈЗ соопштија дека по возраст 131 лице биле над 60 години, 17 од 50-59 години, осум смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, а три случаи од возрасната група од 30-39 години.

Регистрирани сe 4.585 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што е намалување од 16,9 проценти во однос на минатата недела. Процентот на позитивни од тестирани случаи на Ковид-19 изнесува 29,3 проценти, што е намалување од 5,5 проценти  во однос на минатата недела.

Трендот на стивнување на епидемијата продолжи и вчера. Во претходното деноноќие беа регистрирани 758 нови случаи од направени 2562 тестирања, 26 лица починати, од кои најмладиот 42-годишник од Скопје. Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти.

Минатата недела, од 14 до 20 декември, ИЈЗ регистрирал 4.513 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 15,1  процент помалку во споредба со минатата недела.

За намалување на притисокот врз болниците говорат и вчерашните податоци за хоспитализирани. На инфективните одделенија низ земјава се лекуваат 1145 пациенти со Ковид-19 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид – центрите. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 664 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а во главниот град 482 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79190, бројката на оздравени пациенти е 56099, на починати е 2340, а бројот на активни случаи изнесува 20751.

• Скопје 34165, активни 11653

• Куманово 4511, активни 565

• Дебар 590, активни 114

• Штип 3215, активни 359

• Прилеп 3992, активни 765

• Тетово 4631, активни 956

• Струга 1931, активни 387

• Велес 2630, активни 544

• Битола 2889, активни 683

• Охрид 2245, активни 604

• Кавадарци 1928, активни 540

• Гостивар 3263, активни 645

• Гевгелија 1077 активни 301 (73 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 183 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2184, активни 625

• Крива Паланка 570, активни 118

• Радовиш 583, активни 126

• Крушево 155, активни 68

• Кочани 1536, активни 255

• Пробиштип 429, активни 46

• Демир Хисар 227, активни 38

• Македонски Брод 208, активни 33

• Пехчево 131, активни 15

• Берово 471, активни 70

• Валандово 282, активни 57

• Виница 432, активни 67

• Делчево 651, активни 219 (179 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 185, активни 25

• Свети Николе 1016, активни 136

• Кичево 1526, активни 268

• Ресен 602, активни 138

• Неготино 935, активни 331 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Најмногу хоспитализирани и натаму има на Клиниката за инфективни болести, каде што лежат 147 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Во Скопје вчера имаше околу 40 – тина слободни места. Пред пет дена во Скопје имаше само 20-тина слободни кревети.

Стишување на епидемијата со коронавирусот вчера констатира и министерот за здравство Венко Филипче.

– Се намалува бројот на пациенти кои се јавуваат за тестирање, што значи дека се намалува и бројот на пациенти. Доказ за тоа е се поголемиот број слободни термини и слободните болнички кревети и намалување на бројот на кревети во болничките установи, нешто што се констатираше во сите болнички установи, поточно во нивните амбуланти посебно во последната недела, рече Филипче.

Филипче нагласи дека цело време ги следат сите индикатори, како тестирање, хоспитализации, прегледи во болниците. Сето тоа, како што рече, укажува на тоа дека на некој начин епидемијата стивнува.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести