6.8 C
Skopje
понеделник, април 22, 2024

ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ СЕ СТАВИ ПОД КОНТРОЛА ДО НАРЕДНАТА ЗИМА

Во понеделникот, Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на германскиот Бајонтек, која ја произведува американскиот „Фајзер“.

– Ова е важен чекор. Ја имаме првата одобрена вакцина во Европа – вели Угур Шахин, основачот на Бајонтек, во интервју за ДВ.

– Започнуваме со вакцинирање и очекуваме придобивки за оние кои ќе ја примат вакцината. На пример, се надеваме дека степенот на хоспитализација на стари лица ќе се намали за неколку месеци.

Најавената одлука за американската вакцина Модерна за 6 јануари му дава надеж на Шахин дека наскоро може да се најдат доволно вакцини на пазарот за да се „стави пандемијата под контрола до следната зима“. За тоа, како што вели, потребно е да се имунизираат од 60 до 70 проценти од луѓето.

Сепак сега главоболки предизвикува новата мутација на вирусот, која за прв пат беше забележана во Велика Британија, но веќе се појави во неколку земји на континентална Европа. Според епидемиолошките податоци, овој нов вид е значително позаразен. Британците веруваат дека поради тоа, дури 70 проценти од луѓето се заразуваат.

Но, прашањето на сите прашања е дали новата варијанта е отпорна на вакцината.

– Сè уште не знаеме, бидејќи не сме ги направиле тестовите – вели Шахин и најавува дека во следните две недели, Бајонтек ќе го провери одговорот на оваа мутација на нивната вакцина.

– Научно гледано, постои голема веројатност дека тоа ќе се случи. Иако оваа варијанта има повеќе мутации, само еден процент од релевантниот протеин е променет. Тоа значи дека 99 проценти се исти, а нашата вакцина предизвикува имунолошки одговор – додава научникот.

Тој во интервјуто за ДВ додаде дека проценката дека посиромашните земји нема да имаат пристап до оваа вакцина е „неточна“. Шахин потсетува дека земји како Мексико или некои од Јужна Америка веќе ја одобриле употребата на вакцината.

Сепак, Угур Шахин, човекот кој ја измисли вакцината, сè уште не ја примил. За време на клиничките студии, поради судир на интереси, на луѓето од компанија кои работат на вакцина им е забрането да учествуваат. И сега во Германија, вакцинацијата започнува од приоритетните групи.

Шахин се надева дека ќе најде „законско и фер“ решение за да може да се вакцинираат тој и неговите соработници затоа што сака да обезбеди непречена понатамошна работа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести