4 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

Александар Вучиќ денеска изјави дека вакцинацијата во Србија против коронавирусот започнува од утре

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека вакцинацијата во Србија против коронавирусот започнува од утре.

– Вакцинацијата против корона започнува утре во домовите за стари лица, претпоставувам, тие се најзагрозената категорија, затоа започнуваме со нив – рече денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и додаде дека вакцината е спас.

– И некој од врвот на државата ќе добие, без разлика дали Ана или јас, ќе видиме, рече Вучиќ додавајќи дека тие ќе земат различни вакцини со цел да ја потврдат довербата во вакцините.

– Ќе разговараме со Ана дали сака од Фајзер, нека биде прва што ќе ја прими, тогаш јас ќе ја примам другата – рече Вучиќ и додаде:

– Не можеме да се натпреваруваме со земјите од ЕУ, им исплативме над четири милиони евра за програмата Ковакс, ги подмиривме сите обврски – рече Вучиќ.

Според него, масовната вакцинација започнува од јануари.

– Кога го велам тоа, мислам на стотици илјади, можеби дури и милион да вакцинираме – рече Вучиќ.

Според последните податоци, во последните 24 часа во Србија биле тестирани 16.022 лица од кои 4.080 биле позитивни, додека за жал починале 49 лица.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести