Уставниот суд на Косово донесе пресуда по жалбата на Движењето Самоопределување во врска со гласањето на пратеникот Етем Арифи, што беше клучно за формирањето на владата предводена од Авдулах Хоти.
Косово се очекува да излезе на избори во рок од 40 дена, бидејќи Уставниот суд пресуди дека гласот на пратеникот Етем Арифи за формирање влада на Хоти е неважечки.
#Kosovo will be going to early elections within 40 days – Kosovo Constituional Court rules.
— Vlora Çitaku (@vloracitaku) December 21, 2020
Демократската лига на Косово формираше нова влада по соборувањето на Албин Курти во Собранието на Косово со предлог на недоверба.
Хоти ги презеде АБК и Иницијативата во владата, со што се создаде влада која е постојано нестабилна со бројот на гласови.
