3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Мицкоски би одел со нов договор и нова понуда за Софија

Што е тоа што Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски би можел да и го понуди на официјална Софија за да ги деблокира евро-интегративните процеси, а на Софија не и било понудено од Заев ?

Одговорот на ова прашање не е познат, но Мицкоски се почесто почнува да говори за нов договор со Бугарија, иако до неодамна истиот го критикуваше и предупредуваше премиерот Зоран Заев да не помислува да влезе во нова авантура и нов договор по теркот на Софија.

Мицкоски вчера на МТВ изјави дека е подготвен да предложи нов договор, доколку состојбата со Бугарија остане непроменета.

Вакво нешто, како што најави тој, би предложил на следниот редовен конгрес на партијата кој треба да се одржи наредната есен односно после локалните избори.

„Ако до тогаш сценариото остане вакво какво што е, статус-кво, како еден од делегатите ќе излезам и ќе побарам јасна декларација од тој конгрес и заклучок дека ВМРО-ДПМНЕ, ако до тогаш не успееме да го поразиме Заев на парламентарни избори, нема никогаш да преговара за посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Доколку нашиот источен сосед продолжи да инсистира на преговори на оваа тема тоа значи дека содржината на овој билатерален Договор е исцрпена и дека тој наместо да нуди иднина, нуди минато и тој за нас како политичка партија ќе биде минато. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе даде предлог и во тој заклучок, да излезе со став дека е потребен нов договор во кој овие работи нема да бидат дел од преговори“, рече Мицкоски.

Претходно Мицкоски во неколку наврати ја напаѓаше владата дека разговарала за некаков нов предлог договор изготвен од бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Во интервју на Канал 5 Телевизија Мицкоски изрази сомнеж дека бугарската министерка Екаерина Захариева му предложила нов договор на министерот Бујар Османи.
„Договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени, каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите“, рече пред два месеци Мицкоски.

Медиа веќе пишуваше за различните ставови на Мицкоски по однос на темата дали треба или не треба нов договор со Бугарија.


Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести