20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ВРИЕ ВО СКОПЈЕ И ТЕТОВО– Детали за состојбата во сите градови

Владата на Македонија донесе мерка со која се забрануваат летовите од и во Британија откако се појави новиот вид на мутиран коронавирус.  Владата оваа одлука ја донесе по препорака на Комисијата за заразни болести и предвидено е истата да трае до крајот на оваа година.

Воедно се воведува и задолжителна 14 дневна изолација за сите патници кои по копнен пат доаѓаат од Британија.

 Во меѓувреме од владата уверуваат дека состојбаата со вирусот е под контрола и дека течат подготовките за вакцинација.

Премиерот Заев вчера потврди дека се е направено навреме за набавка на вакцина. Тој очекува следните денови да се најде решение и за директна набавка. Од Бирото за јавни набавки се бара решение како директно да се купи вакцината.

Постои и можност за директна поддршка од Грција и Бугарија, а се размислува и за грант од 70 милиони евра за Западен Балкан за набавка на вакцините.

Се очекува деновиве да почне вакцинацијата во земјите од ЕУ откако вчера зелено светло за вакцината на Фајзер и Бионтек даде и Европската агенција за лекови. Агенцијата и препорача Европската комисија да даде условно одобрение за ставање во промет на вакцината, што треба да се случи за два дена.

Во САД,пак, почна вакцинацијата и со вакцината на „Модерна“.

Вакцините, според првичните истражувања на СЗО, ќе бидат ефикасни за заштита и од новата варијанта на коронавирусот. Иако побрзо се шири, заасега нема докази дека новата мутација на коронавирусот ќе доведе до зголемена смртност.

Бројот на заразени од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата во светот достигна 77,5 милиони. Оздравеле 54,4 милиони, активни во моментов се 21,4 милиони, а битката со кононавирусот ја загубиле 1,7 милиони луѓе.

Кај нас вкупниот број дијагностицирани достигна 78434, оздравени се  55155, а починати 2314. Бројот на активни случаи е 21 979.

Во нашите болници се лекуваат 1197 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19. Има околу 280 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во вчерашниот здравствен биланс беа евидентирани нови 129 случаи на КОВИД-19 од направено 591 тестирање, а 63 од новозаразените се во Скопје. Починаа 22 лица, а оздравени се  689 пациенти.

Дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 33844, активни 11609

• Куманово 4469, активни 576

• Дебар 590, активни 139

• Штип 3193, активни 362

• Прилеп 3945, активни 792

• Тетово 4609, активни 970

• Струга 1904, активни 404

• Велес 2603, активни 568

• Битола 2867, активни 716

• Охрид 2218, активни 627

• Кавадарци 1892, активни 557

• Гостивар 3231, активни 657

• Гевгелија 1060 активни 314 (71 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 180 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2158, активни 619

• Крива Паланка 567, активни 121

• Радовиш 578, активни 133

• Крушево 155, активни 68

• Кочани 1516, активни 254

• Пробиштип 428, активни 52

• Демир Хисар 227, активни 39

• Македонски Брод 208, активни 33

• Пехчево 129, активни 15

• Берово 469, активни 76

• Валандово 274, активни 55

• Виница 430, активни 65

• Делчево 643, активни 211 (177 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 181, активни 24

• Свети Николе 1010, активни 146

• Кичево 1512, активни 275

• Ресен 600, активни 149

• Неготино 924, активни 339 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје

Гази Баба – 1712

Аеродром – 1589

Кисела Вода – 1560

Карпош – 1522

Центар – 1309

Ѓорче Петров – 1071

Чаир – 697

Бутел – 591

Илинден – 312

Шуто Оризари – 187

Сарај – 176

Петровец – 113

Зелениково – 110

Чучер Сандево – 103

Сопиште – 85

Студеничани – 59

Арачиново – 23

Странец – 274

Нераспределени – 116

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести