7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Погледнете го небото вечерва: 400 ГОДИНИ НИКОЈ НЕ ВИДЕЛ ВАКВО НЕШТО

Вечерва планетите Јупитер и Сатурн се во позиција најблиску една до друга.

Денеска, 21 декември, на денот на зимската краткодневица, погледнете во небото. Ќе бидете сведоци на глетка што никој не ја видел речиси 400 години.

https://twitter.com/AFP/status/1341017326611644427?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1341017326611644427%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fnode%2F546147

Порамнувањето на траекторите на овие две планети е многу ретко, а планетите ќе изгледаат многу блиску една до друга, објаснува астрономот Патрик Хартиган од Универзитетот Рајс.

Ваквата глетка последен пат била видена од Земјата на ноќното небо во 1623, изјави тој. Сепак, временските услови за набљудување на феноменот биле подобри претходниот пат, на 4 март, 1226 година.

Приближувањето на двете планети трае од летово.

Кога ќе го достигне својот врв, помеѓу 16 и 25 декември, растојанието меѓу нив ќе биде помало од ширината на полна Месечина.

Во текот на вечерта на 21 декември, тие ќе изгледаат како една двојна планета, одделени една од друга со само една петтина од дијаметарот на полна Месечина, вели професорот Хартиган.

Ако ја пропуштите оваа астрономска појава, следната можност е во 2080 година. После тоа, нема да има следна прилика дури по 2400 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести