16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Затворени два угостителски објекта во Гостивар, поради непочитување на мерките за спречување на ковид-19

Вчера (20.12.2020) околу 19.15 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Љ.Н.(50) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект бил отворен по 18.00 часот и во него престојувале неколку лица. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик). Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Во текот на вчерашниот ден околу 22.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Џ.В.(62) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Гостивар, работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица. По документирање на случајот, против Џ.В. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. И овој објект бил затворен од Државниот пазарен инспекторат

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести