13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Есмеров: Мицкоски е задоволен од функцијата што му ја даде СДСМ како Министер за опозиција

„ВМРО-ДПМНЕ е партија без компас и нема конзистентен став, по ниту едно прашање“ изјави во „Студио 10“ на ТВ24 поранешниот Амбасадор во Унгарија Игор Есмеров.
Тој смета дека актуелното раководство зборува едно пред членовите, а друго пред меѓународните партнери што на крај се одразува на рејтингот на партијата и слабите резултати.
„На членство му кажуваат дека само што не сме победиле, а кога ќе дојдеме на власт ќе поништуваме договори и ќе враќаме табли и се она што Заев ќе го направи. Од друга страна на амбасадорите им се кажува дека партијата нема да се скршне од стратешките интереси на земјата и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува се она што е направено“, вели Есмеров.
Според него ваквите неконзистетни политики не водат во победа туку кон раслојување.
Како дополнителен проблем за ВМРО-ДПМНЕ, Есмеров го гледа намигнувањето со Левица навлегува во гласачкото тело на партијата, а неколку пратеници лајкувале постови на Апасиев.
Есмеров го гледа Мицкоски како министер за опозиција.
„Мицкоски располага со 2 милиони евра, односноно буџет приближно како Министерство за локална самоуправа. Има 50-тина вработени и не гледам зошто би сакал да ја напушти функцијата без разлика што пет пати беше поразен“, вели Есмеров.
Немањето капацитет и неконзистентноста на Мицкоски резултира со негово континуирано бегање и бојкотирање, иако не бега од буџетските пари кои ги добива од државата, смета Есмеров.
Есмеров потсети дека Мицкоски бил избран на советничка листа, па избегнал и не го прифатил мандатот. Сега со бојкотот во Штип повторно избегнал изборно соочување, а со измислувањето на „шпицен кандидат“ успеал да избегне и на парламентарните избори да се соочи со граѓаните.
Есмеров заклучува дека се додека е вмро вака слабо, власта ќе збеснува.
Единствен начин за враќање на ВМРО-ДПМНЕ на победите, според Есмеров е Мицкоски да си поднесе оставка и да учествува во распишување и подготовка на вонреден конгрес.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести