20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ДВЕ КАРАКТЕРИСТИКИ КОИ ГИ ИМААТ САМО НАЈДОБРИТЕ ЉУБОВЏИИ

Честопати има полемики за тоа што треба да поседуваат најдобрите љубовници.

Дали се тоа одредени вештини во кревет? Или, можеби, одредени карактеристики?

Ново истражување откри дека луѓето кои имаат две специфични карактерни црти имаат и најбогат сексуален живот.

Испитаниците без љубовни партнери, 192 самохрани жени и 105 самохрани мажи учествувале во оваа студија.

Учесниците морале да одговорат на низа тестови за да воспостават врска помеѓу алтруизмот, односно однесување насочено кон помагање на други во кои не се очекува никаков вид награда од другите, со тоа колку некој е успешен во љубовта, т.е. во врските и сексуалниот живот.

Истражувањето заклучило дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат љубов почесто од другите луѓе и дека се најзадоволни од својот сексуален живот. За машките испитаници, ова вклучува поголем број на партнери за секс без обврски.

Студијата не даде одговор на тоа што ги мотивира испитаниците да им помагаат на другите, но без оглед на тоа, добиените резултати се уште еден доказ дека љубезноста и несебичноста секогаш се исплатуваат.

Дека љубезноста и несебичноста се привлечни особини во сексуална смисла, тоа е очигледно во историјата, поточно од времето на ловот и собирањето на општеството кога мажите кои великодушно го делеле својот плен со целото племе биле најпосакуваните животни партнери за жените.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести