6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

УАПСЕН БРУНЕЛ, ЕДЕН ОД НАЈБЛИСКИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ЕПШТАЈН

Жан-Лук Брунел, агент за изнајмување модели, кој беше поврзан со сега починатиот американски финансиер Џефри Епштајн, беше обвинет во Франција за сексуално вознемирување и силување на малолетници над 15 години

Брунел беше уапсен во средата на аеродромот Шарл де Гол додека се подготвувал за лет за Сенегал, објави АП.

Брунел не беше обвинет за трговија со луѓе, што беше една од главните точки на истрагата.

Судијата заклучи дека во моментов нема доволно докази за да му се суди по таа точка, а на Брунел му е одреден притвор. Тој беше испитуван како дел од обемна истрага за наводната сексуална експлоатација на жени и девојчиња од страна на Епштајн и неговиот круг.

Операцијата за апсење на соработникот на Епштајн, вредна 4 милиони, можеше да пропадне поради еден пропуст

Неколку жени изјавија дека се жртви и разговарале со полицијата од отворањето на француската истрага во август минатата година, истиот месец кога Епштајн изврши самоубиство во затвор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести