23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Словачкиот министер за надворешни И ОДГОВОРИ НА БУГАРИЈА

После блокадата од страна на Словачка и Чешка на заклучоците за проширување на ЕУ, поради прашањето за историјата за кое двете земји сметаа дека унијата премногу и допушта на Бугарија, следеше и жалба од бугарска страна. Поради тоа Словачка ја образложи својата позиција дека историските прашања кои Бугарија ги наметнува ја засегаат и нивната држава.

– Шефот на словачката дипломатија, Иван Корчок и во изјава за тамошните медиуми и порача на неговата колешка од Бугарија, Захариева дека историските прашања кои се обидуваат да ги наметнат не само кон Македонија, туку задираат и во Уставот на Словачка, каде во преамбулата е наведена Моравската мисија и делата на Кирил и Методиј.

Корчок во одговорот до Захариева додава:

– Жал ми е, но моравме да ги блокираме заклучоците на Советот на ЕУ за проширување. Овој документ на несоодветен начин ги внесува на дневен ред чувствителните историски прашања во односите меѓу земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати. Си реков дека тука има одредена линија, затоа што тогаш не му помагаме на процесот (преговори) и им ја одземаме мотивацијата на земјите кандидати да направат понатамошни реформи и да ги исполнат условите. Проблемот е во тоа што „никој не ја обвинува Македонија дека не ги исполнува условите под кои може да се отворат нови поглавја. Туку дека, наводно, не го исполнува билатералниот договор со Бугарија“.

Сепак, и покрај блокадата на Словачка и Чешка за историјата против Бугарија, официјална Софија засега нема намера да ги смени своите позиции во однос на Македонија.

– Одложувањето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ не е во интерес на Бугарија. Интересот на Бугарија е конечно да бидат решени отворените прашања во односите со Република Македонија и процесот на интеграција на сите држави од Западен Балкан да продолжи успешно. Не наоѓаме никакво задоволство во позицијата што Скопје нѐ принуди да ја заземеме, откако со децении Бугарија ја обезбеди сета можна поддршка за нашите браќа од другата страна на границата, велат од бугарското МНР.

Во одговорот се вели и дека „ниту една бугарска влада не може да ги предаде 88.540 граѓани на Македонија што имаат бугарски пасоши“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести