8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Вучиќ: Додека сум јас претседател НЕМА ПРИЗНАВАЊЕ НА КОСОВО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера за српската Прва ТВ изјави дека нема да има признавање на Косово и Метохија, додека тој е претседател.

– До април 2022 година, кога ќе се одржат претседателските и парламентарните избори во Србија, Белград сигурно нема да ја признае независноста на Косово, рече Вучиќ за специјалното издание на Прва телевизија на прашањето дали ја исклучува можноста Србија да ги признае Косово и Метохија.

– Вучиќ: Додека јас сум претседател, нема да има признавање на Косово. После тоа, народот одлучува, рече Вучиќ.

Професорот по политички науки и поранешен амбасадор на Србија во Берлин, Иво Висковиќ, рече дека тоа сигурно нема да се случи во догледно време, но дека „не“ никогаш не може да се каже во политиката.

Копретседавачот на Игман иницијативата, Милан Антонијевиќ, истакна дека тоа зависи од многу фактори и временската рамка во која живееме.

– Неколку работи што се случија оваа година не можевме да ги предвидиме. Некои работи што нè приближуваат до ЕУ може да ни донесат различни иницијативи и треба да имаме јасни иницијативи за тоа што се менува за граѓаните. Во некоја кратка иднина сигурно нема да има признавање, рече тој. .

Претседателот Вучиќ рече дека смета дека подобро прашање е „дали сте за признавање или не“ и изјави дека одговорите ќе бидат „да, да и не“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести