9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

213 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон, исто толку санкции за некористење на сигурносен појас и 11 за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 74 мерки за непрописно паркирање, а со „пајак“ се подигнати 41 возило. За неносење на  заштитна маска изречени се 18 санкции.  

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести