10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ОТКРИЕНА МРЕЖА НА РУСКАТА МАФИЈА: Трговија со луѓе, дрога ,изнуда… (видео)

Шпанската национална полиција успеа да разбие организирана криминална група од руско-говорно подрачје, вклучена во корупција и перење пари во Шпанија.

Голема криминална организација, вклучена во низа други криминални активности, вклучувајќи убиства, трговија со дрога, трговија со оружје, трговија со луѓе и изнуда, била активна низ цела Европа, Јужна Америка и САД, соопшти Европол.

Оваа операција, започната во 2013 година, на која логистички и помагаше Европол, е најголемата што е спроведена против организираниот криминал на високо ниво во Шпанија во последните 10 години.

Во полициската акција беа уапсени 23 лица, а беа извршени претреси во 18 згради, а по тој повод беа запленети десет оружја, како и 16 луксузни возила, дијаманти, 300.000 евра и 35.000 долари во кеш, а беа блокирани и банкарски сметки и имот вреден неколку милиони евра.

Европол известува дека оваа голема криминална организација успеала да се инфилтрира во разни јавни институции во Шпанија, преку спроведување на хуманитарни активности.

Ова и овозможи на групата да ги извршува своите активности неказниво, да ги заобиколи правните пречки и да користи други услуги преку врската со шпанската администрација, вклучително и заштита од полициски и судски истраги и олеснување на стекнувањето шпанско живеалиште за нејзините членови.

Меѓу членовите на групата имало источноевропски криминалци кои имаат највисок авторитет во подземјето – познати како „законски крадци“.

Адвокатите, официјалните лица, политичарите, бизнисмените и хакерите беа дел од нивната мрежа, зголемувајќи ги нивните оперативни можности.

Нивните активности вклучуваа разни инвестициски проекти, како што се набавка на земјиште, луксузни недвижнини и ресторани, индустриски магацини, парцели и чамци за перење пари преку лажни компании основани во различни региони, вклучително и Јужна Америка.

Опасната руска криминална организација планираше да ги контролира клучните сектори на шпанската економија, како што е туристичкиот сектор, и да се инфилтрира во државните институции, се наведува на крајот од соопштението.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести