Кваме Крос купи 160 билети овој месец за Вирџинија Лотарија Пик 4. Тој на сите 160 билети играше иста четирицифрена комбинација: 7-3-1-4.
Таа комбинација, на 5 декември, се покажа како победничка, со што на Крос му донесе добивка од 800.000 долари за еден ден.
„Видов објава во една ТВ-емисија и тоа ми остана во умот. Како да имав некое чувство“, рече Крос, од Дамфрис, пред претставниците на Лотаријата.
Тие бројки ја означија врвната награда „Пик 4“ која носи 5000 долари, сума која помножена со 160 пати за секој билет, му донесе неверојатна добивка на Крос. Шансата правилно да се паднат сите четири броја е 1 на 10 000, според лотаријата на Вирџинија.
„Помислив, ова не може да биде реално. „Морав да проверам 82 пати“, додаде Крос, кој е сопственик на мал бизнис во Вашингтон.