6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

ШТО НЕМА ДА ИМ ТЕКНЕ – СЕ ОТВАРА ПРВИОТ БАР БЕЗ КОРОНА

Бар во Ирска го најави своето отворање како првиот „паб без корона“ во земјата, каде што посетителите ќе бидат тестирани со брз тест пред да влезат.  Елинс барот  во Аугемор, на два и пол часа возење од главниот град на Даблин, посетителите прво треба да почекаат во одредена просторија за да бидат тестирани од експерт.

Сопственикот на пабот Донал Бирн објави на Фејсбук дека само редовните посетители ќе имаат дозвола да влегуваат и тоа само доколку бидат негативни на тестот, но тој додаде дека ќе можат да пијат додека чекаат на тестот и додека чекаат на резултатот.

Трошоците за брзиот тест како што велат ќе одат на сметка и на сопственикот и на муштериите кои ќе треба да платат само 10 евра.

– Трошоците за тестирање се поголеми, но Ејлинс  е среќен што ја покрива разликата со цел да се осигура дека нашите вработени и гости се безбедни и здрави – напиша тој на Фејсбук.

Во пабот, посетителите ќе мора да ги следат официјалните здравствени препораки за ресторани и пабови, од седење на маси до одржување на растојание помеѓу посетителите.

Во Ирска е дозволено да работат само барови кои служат храна, што ги налути сопствениците на 3.500 пабови кои не нудат храна.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести