Откако започна пандемијата а и строгите мерки и рестрикции започна притисокот врз многумина кои мораше да го смират свој од „див“ начин на живот, но има и такви кои секако наоѓаат начин да излезат и да ги изневерат своите сопруги.
Така, студија спроведена во Америка покажа дека скоро 50 проценти од жените биле изневерени од страна на нивните партнери, за време на пандемијата.
Анкетата е спроведена на 2.000 лица, а прашањето што им го поставија беше дали биле изневерени, во периодот од март до денес.
Дури 55 проценти одговориле потврдно.

Од вкупниот број на луѓе кои одговориле потврдно, дури 45 проценти се жени, а само 15 проценти се мажи.
Причините за тоа не изненадуваат. Една третина велат дека биле изневерени затоа што партнерот чувствувал нешто кон поранешниот партнер, додека 20 проценти од нив рекле дека изневерувањето се случило со нова личност.
Потпретседателката на оваа апликација, Марија Саливан, рече дека карантинот е одличен тест за сите парови. Некои ја зајакнаа врската и уште подобро се запознаа, додека некои сфатија дека не се баш за еден за друг.

Истражувањата покажаа дека многумина, во овој тежок и предизвикувачки период, се свртеа кон апликации и страници за состаноци.
Двајца психолози од Универзитетот во Тенеси, Ноксвил, неодамна напишаа едиторијал, велејќи дека стресот за време на пандемијата ги уништува односите и дека луѓето преминуваат на апликации за дружење за да се забавуваат.
