8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да држи бледи прес конференции нека го расчисти случајот со славењето во Штип

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ – реакција на прес конференција на Оливер Спасовски

Оливер Спасовски наместо со формални апели нека премине на дела.

Како прв чекор треба да покрене иницијатива државните институции да го расчистат случајот кога минатиот викенд неговата СДСМ вадеше заразени лица од корона да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник.

Спасовски кога говори за дисциплина нека почне од Костадин Костадинов и техничкиот градоначалник за осум месеци Сашко Николов кои по изборите групно славеа во ресторан кој не треба да работи, а кој беше отворен само за функционерите на власта.

Нема Спасовски кредибилитет да бара граѓаните да ги почитуваат мерките, а тој да биде првиот кој нема да ги почитува мерките за заштита од корона и да толерира беззаконие.

Ваквите мерки на Спасовски повторно ќе доживеат фијаско зошто двојните аршини на власта се доказ за неподносливата ароганција на владата и поделба на граѓаните.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести