Се одржа второто рочиште, статусна конференцијата, пред судија за претходна постапка на Суд за злосторства на ОВК. Но него се дискутирало процедурални прашања поврзани со откривање на докази за претстојното судење, а исто така ќе се дискутира и за нивниот притворот на поранешниот државен врв на Косово предводен од Хашим Тачи.
Бранителите на Тачи, како и обвинетиот Реџеп Селими, веќе поднесоа писмени барања да им се укине притворот и да им се дозволи да се бранат од слобода, со или без дополнителни мерки за да се обезбеди нивно присуство.
Тачи, Селими, како и Кадри Весели и Јакуп Красниќи се обвинети за разни видови кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото во заедничко злосторничко дело.
Тие не мора да присуствуваат на сесијата ни денес во живо, но можеа да ја следат преку видео врска од единицата за притвор, како што тоа го сторија последен пат на првата статусна конференција на 18 ноември.
Сите четворица се со обвинение од Специјалниот обвинител Џек Смит и се обвинети за голем број воени злосторства, вклучувајќи околу 100 убиства на Срби, Роми и Албанци, католици, политички противници и противници на ОВК.
Тачи и другите претходно се изјаснија за невини по сите 10 точки од обвинението пред судијата на претходна постапка.
Тие беа уапсени на почетокот на ноември во Приштина и беа пренесени во единицата за притвор во Хаг. Тачи претходно поднесе оставка на функцијата претседател на Косово.
https://b92.tv/video/vesti.php?yyyy=2020&mm=12&dd=17&nav_id=1782375