Фолк пејачката Лепа Брена се дружеше многу со нејзиниот колега Џеј Рамадановски или поточно 33 години, па не може да се помири со судбината.

„Беше емотивно и мило суштество. Секој пат кога ќе се видевме, имав потреба да го прегрнам и заштитатм, зашто знам што преживеа како дете, а подоцна и други работи. Боже, почнувам да плачам штом помислам на него“, кажа Брена.
„Не знаеше да мрази! Гледаше со тие очи на животот од некоја своја перспектива. Во нив во исто време се виде колку страдал, но среќен е што го сакаат луѓето. Џеј беше голем човек! Затоа сите го сакаа“, вели пејачката.

