4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ПОПУЛАРНАТА ПЕЈАЧКА ПРЕЖИВЕА ХАОС – ЕДВАЈ СЕ СПАСИ ОД СИГУРНА СМРТ

Во едно од нејзините неодамнешни интервјуа, Шер зборуваше за тоа како еден човек се обидел да ја убие во 1982 година во Љујорк, на пат кон работа. Пејачката тогаш се подготвуваше за настап на Бродвеј, а според неа, неполни четири децении подоцна, обожавателите ја спасиле од навидум сигурната смрт.

Како што објасни таа, во тој период секогаш ја возеле на работа, сè до вратата. Кога непознато лице и понуди рака – таа помисли дека сака да се поздравви, но не беше така. Оттогаш, таа не сака да излегува по концертот, бидејќи не се чувствува безбедно.

  • Еден човек за малку ќе ме убиеше во Њујорк, во 1982 година. Се подготвував за перформансот на Бродвеј, „Come back to the five and dime“. Секогаш ме носеа веднаш до вратата на сцената и тогаш мислев дека овој човек сака да се ракуваме. Сепак, тој ме фати и ми ја заврте раката зад грб. Ме турна по улицата и ми рече: „Ако само врескаш, ќе те убијам“. Фановите, неколку од нив, со кои подоцна станавме пријатели, видоа дека нешто не е во ред. Почнаа да врескаат и да трчаат кон мене, па напаѓачот побегна – се присетува Шер, како гостин на списанието G2.

Така објасни и зошто не излегува кога одржува концерти.

  • Не се чувствувам безбедно, истакна таа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести