20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ПОКАЖУВА ДАЛИ ЖЕНИТЕ СЕУШТЕ САКААТ МАЖИ СО БРАДА

Сведоци сме дека последниве години се повеќе мажи ги чуваат своите бради, а за таа цел фрлаат многу пари за третман, одржување и обликување. Многу жени на почетокот сметаа дека мажите со брада се привлечни, па затоа често има нови истражувања на оваа тема.

Според истражувањето на Универзитетот во Кенсленд, предводено од д-р Теса Кларксон, брадите можат да бидат одбивен фактор за жените при изборот на постојан или привремен партнер.

– Откривме дека влакната на лицето негативно влијаат на желбите на жените, главно поради нивната аверзија кон паразити, како што се болви, вошки – рече Бернаби Диксон, професор на Одделот за психологија на Универзитетот во Кенсленд.

Во исто време, д-р Диксон ја посочи културната позадина зад навиката на мажите и жените да се депилираат со различни области на телото, како што се лицето, градите, рацете, нозете и интимните површини.

Според д-р Диксон, ова истражување е прво што презентирало доволно докази за поддршка на теоријата дека отстранувањето на влакна е безбеден начин за спречување на кожни паразити.

Во студијата учествувале 919 жени кои пријавиле дека се сингл, се во врска или се вериле (некои одлучиле да не одговорат). Тие биле запрашани дали ќе бидат во врска со избричени мажи или мажи со брада – привремено или трајно.

Жените кои биле сингл и сакале да имаат дете покажале предност на мажи без брада, додека мажените жени ја имале истата предност, нагласувајќи дека оваа предност не мора да е поврзана со желбата да имаат дете.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести