12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

СДСМ: Мицкоски и по шест порази од граѓаните не ја учи лекцијата, останува изолиран во сопствените лаги и деструкции

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски никако да извлече поука од сите порази во изминатите четири години и упорно стои на спротивната страна од интересите на граѓаните и на државата, изолиран во сопствените лаги и деструкции.

Граѓаните во неделата на изборите во Штип ги поразија блокадите и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.

Само пред пет месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени на предвремените парламентарни избори.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ги загуби претседателските избори во 2019, а истата година Мицкоски беше поразен и на предвремените локални избори во Охрид и Ново Село.

Беше поразен и една година претходно на референдумот во 2018 година кога граѓаните одлучија да го поддржат Преспанскиот договор и кажаа ДА за членство во НАТО и ЕУ.

Мицкоски беше поразен и на локалните избори во 2017 година како носител на листата на Град Скопје.

Ни по шест порази и јасна порака од граѓаните Мицкоски не ја учи лекцијата, туку продолжува со погубните политики, со единствена цел да си ја зачува фотелјата во белата палата.

Граѓаните бираат стабилна иднина, довербата им ја даваат на одговорни политичари кои носат храбри одлуки и јасно кажуваат НЕ за лаги, манипулации, деструкции, опасност и нестабилност.

Затоа Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести