-1.2 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ДЕДО МРАЗ НАМЕСТО ПОКЛОНИ ИМ ДОНЕСЕ КОВИД-19

Дедо Мраз, кој посети дом за стари лица во Белгија, зарази 118 лица со коронавирус.

Според извештаите на локалните медиуми, син на корисник на дом за стари лица во градот Антверпен, го посетил домот во костум на Дедо Мраз за да ги развесели корисниците. Набргу по посетата, 45 лица кои биле во близок контакт со него, започнале да покажуваат симптоми на инфекција.

Неколку дена по посетата на Дедо Мраз, инфекцијата е потврдена кај 98 корисници на домови за стари лица и 20 вработени. Фотографиите направени за време на посетата покажуваат дека голем број луѓе не носеле заштитни маски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести