Украинската полиција, на плоштадот Мајдан во центарот на главниот град Киев, денес употреби солзавец за да ги растера демонстрантите против мерките за затворање од вирусот корона.

Неколку илјади луѓе, вклучително и сопственици на приватни продавници, се собраа да протестираат против новите мерки, кои вклучуваат затворање на мали објекти, спортски сали и училишта за две недели, од 8 јануари.

Полицијата ги спречи демонстрантите да постават шатори на плоштадот Мајдан, кој пред шест години беше сцена на судири што доведоа до пад на владата, пишува „The Guardian“.
Киевската полиција објави дека 40 нејзини припадници се здобиле со повреди на очите со хемиски средства, додека еден е повреден во главата.


Нема официјални извештаи за повредени меѓу демонстрантите.
Во Украина, повеќе од 909.000 луѓе биле заразени со вирусот од почетокот на епидемијата на корона, од кои околу 15.000 починале.