10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СЗО: НЕМА ДОКАЗИ дека новата генетска варијанта на КОРОНА ВИРУСОТ се однесува поинаку од постоечките

Денеска Светската здравствена организација соопшти дека е запознаена со новата варијанта на КОВИД-19 која се појави во Велика Британија но и дека нема никакви докази дека оваа генетска варијанта на вирусот се однесува поинаку од постојните видови.

– Ние сме свесни за оваа генетска варијанта, која е пријавена кај 1.000 луѓе во Англија, рече директорот на програмата за СЗО за вонредни ситуации Мајк Рајан на брифинг со новинарите во Женева. Тој додаде дека официјалните лица го разгледуваат неговото значење.

– Видовме многу варијанти, овој вирус се развива и се менува со текот на времето, рече Рајан.

Претходно денеска британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е идентификувана нова варијанта на коронавирусот. Според него, тоа може да го објасни скокот во случаите на југот на Англија, објави „Гардијан“.

Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта се развива побрзо од постојните варијанти.

– Во моментов идентификувавме повеќе од 1.000 случаи со оваа варијанта, претежно во јужниот дел на Англија, иако се идентификувани такви случаи во скоро 60 различни локални области, и бројот рапидно расте, рече тој.

Хенкок рече дека е известена Светската здравствена организација.

Тој уште истакна дека здравствените експерти оценуваат дека е „многу неверојатно“ дека вакцината нема да функционира на новата варијанта, но дополни дека се прават дополнителни тестови за да се утврди евентуална резистентност.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести