Сценаристот Џон Ридли, кој ја напиша историската драма „12 години ропство“, ќе го напише сценариото за новата серија чие дејство ќе биде сместено во градот Готам. Возбуден е што Бетмен ќе биде поразличен – односно дека актер со темна кожа ќе го игра Бетмен во новата серија.
Следната верзија на измислениот лик на Бетмен, создадена од DC Comics, ќе биде поинаква. Бетмен ќе биде црнец по име Тимоти Фокс, отуѓениот син на менаџерот на Брус Вејн, Лусиус Фокс.
Ридли рече дека е возбуден што Бетмен сега ќе биде поинаков.
- Децата се мојата најголема поддршка, тие ги ценат работите што ги работам. Тие повеќе би сакале да го гледаат „Црниот Пантер“ отколку „12 години ропство“, да бидеме искрени. И, ако сите на планетата го мразат црниот Бетмен, јас ќе ја имам, мојата публика, која ќе го сака тоа, изјави сценаристот за странските медиуми.
