Сцената од филмот во кој ликот на Кетрин Трамел ги прекрстува нозете за време на испрашувањето стана дел од популарната култура и потег што многу жени го имитираа во последните децении. Филмот изобилува и со жешки сцени на главниот јунак со детективот Ник (Мајкл Даглас).
Второто место го освои филмот „50 нијанси сиво“, адаптација на романот на англискиот писател Е.Л. Ејмс Филм кој беше на мета и од критичарите, но и кој собра бројни обожаватели, многумина го опишаа како мек порнографски филм.
Метеж во Холивуд
Францускиот филм за лезбејската љубов „Сината е најтопла боја“ се најде на третото место.
Последниот филм на Кјубрик „Очи широко затворени“ се најде и на списокот.
На петтото место е драмата „Сурови намери“, а на списокот се и „Белешки за скандалот“, „Вики Кристина Барселона“, „Врска без обврски“ и „Американска убавина“.
