2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Иницијативниот одбор бара одговорност од Мицкоски: ИЛИ МИЦКОСКИ ИЛИ ВМРО

Соопштение од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Политиките на се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски носат само порази и ја уништуваат ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ денеска слави во Штип, а членовите на ВМРО-ДПМНЕ се понижени и потиштени бидејќи првиот човек не им дозволи да се борат за вмровскиот бастион.

Во ситуација на здравствено-економска криза, бугарско вето и бројни скандали, СДСМ успеа да добие 1600 гласови повеќе од гласовите кои ги освои во јули во Штип.

Почист и појасен показател дека граѓаните не гледаат алтернатива во Мицкоски, нема.

Тоа се виде и на слабо посетените протести, кои беа организирани секаде, освен во Штип.

Членовите на партијата и неутралните граѓани го отфрлаат лицемерието на Мицкоски и политиката на бегање. Неодлучноста на Мицкоски го ситни ВМРО-ДПМНЕ. На референдумот не застана ни против, ниту пак повика на бојкот. Избега од соочување и на овие избори.

Мицкоски вака ги загуби и Охрид и Ново Село.
Мицкоски вака ги загуби и Претседателските и Парламентарните избори.

Или Мицкоски или ВМРО-ДПМНЕ!

Јасно е дека сеуште актуелниот претседател, нема капацитет да ја води партијата.
Време е за оставки и одговорност.

На Македонија и треба цврста и кредибилна опозиција која ќе биде сериозна алтернатива на власта.

На Македонија и треба обединето ВМРО-ДПМНЕ кое нема да бега, туку ќе го победува СДСМ на секој фронт.

На Македонија и треба модерно, а не изолирано ВМРО-ДПМНЕ кое ќе гради силни врски со нашите меѓународни партнери.

Ако и мисли добро на државата и на партијата, Мицкоски веднаш ќе си замине.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести