2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ДОКАЖА: Интелегенцијата нема врска со големината на мозокот

Човечката интелигенција зависи помалку од големината на мозокот отколку од начинот на неговото структурирање, е заклучокот на меѓународната научна студија, предводена од истражувачи од Универзитетот во Виена.

Научниците досега ја преувеличуваа врската помеѓу големината на мозокот и интелектуалните способности на една личност, објасни Јакоб Питшинг, експерт за когнитивна наука и еден од авторите на студијата.

– Распоредот на кортексот, средниот мозок и малиот мозок е далеку поважен за човечката интелигенција, како и добрата врска помеѓу белата и сивата материја – изјави тој и додаде дека големината на самата мозочна маса е помалку важна.

Питшинг и неговиот тим анализирале 88 претходни студии на оваа тема, кои опфатиле 8.000 случаи и ги објавиле своите откритија во стручното списание Neurosciences and Biobehavioral Review.

Научниците откриле и дека мажите, кои генерално имаат поголем мозок од жените, не докажале дека имаат понапредни когнитивни способности од понежниот пол.

Mozak

Учесниците во истражувањето чиј мозок бил далеку поголем од просекот покажале уште посиромашни резултати на тестовите за интелигенција, забележа виенскиот научник.

Како доказ дека структурата на мозокот е најважна, Питшинг го наведе примерот на кит кој и покрај огромниот мозок, тежок девет килограми, не се смета за премногу интелигентно животно.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести