13.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Новиот Градоначалник на Штип, Николов: Благодарност до штипјани, ќе ја оправдам вашата доверба, заедно ќе работиме за развој и напредок на Штип

Изјава за медиуми, Сашко Николов, градоначалник на општина Штип

Почитувани мои драги Штипјани, почитувани новинари, почитувани присутни овде на оваа победа.

Посебно ми е драго да им се заблагодарам на сите мои сограѓани, на сите учесници на овој изборен ден, во овој изборен процес, во оваа предвремена изборна кампања за градоначалник на Штип.

Во време на оваа Пандемија каде што повторно Штип и штипјани покажаа демократија, покажаа општествена одговорност и покажаа дека Штип ќе продолжи по патот на Европа, по патот на сигурните раце.

Денеска ние граѓаните на Штип покажавме и демонстиравме одговорност, покрај сите опструкции што ги имавме во овој предизборен молк ,нашите сограѓани денеска си го изгласаа новиот градоначалник на општина Штип и изгласаа дека Штип продолжува по демократскиот пат за европски и отворен град за сите наши деца.

Моите сограѓани денеска ми дадоа обврска којашто лично ја превземам за да го исправам градот пред предизвиците кои доаѓаат пред нас. Тоа се рамноправност, грижа, поддршка за секој еден граѓанин на оваа наша општина.

Покрај сите опструкции на ВМРО-ДПМНЕ со сите нивни подли опструкции, немајќи храброст да дадат против кандидат на нашата програма не успее да направат конструкции и опшструкции на нашиот сакан град Штип.

Затоа драги мои Штипјани и македонска јавност Штип продолжува во сигурни раце, продолжува по европскиот пат и Штипјани ќе имаат европски, отворен и безбеден град за што сите ние заедно ќе работиме

Ви благодарам на сите за поддршката, за несебичното работење овие три недели. Благодарм на сите другари коишто покажавме денеска дека можеме на еден безбеден и легитимен начин да избереме нов градоначалник на Штип, без опструкции, без насилство, и тоа е доказ дека во Штип ја вративме демократијата и продолжуваме уште посилно.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести