20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

НЕРАЗДЕЛНИ ДРУГАРИ – СЕГА АЦА ЛУКАС ЌЕ ГО ПОМАГА СЕМЕЈСТВОТО НА ЏЕЈ

Аца Лукас, еден од најдобрите пријатели на Џеј Рамадановски во  неговиот живот, продолжи да биде таков и по неговата смрт!

Како што ексклузивно дознава порталот„Ало!“, Фолкерот со години му беше голема поддршка на својот покоен колега и голем пријател, а сега кога Џеј го нема, тој реши да продолжи со таа пракса и да му помогне нанеговото семејство.

-Лукас контактираше со најблиските колеги на Џеј и сите беа решени да му помогнат на семејството Рамадановски. За почеток, секој ќе даде доброволен придонес, кој колку може, а за понатаму, планирани се хуманитарни концерти во чест на Џеј, со што ќе му се помогне на семејството – изјави извор за „Ало!“.
Идејата е, како што вели изворот, овие концерти да станат традиција и да се одржуваат најмалку еднаш годишно, а на нив да се пеат само песните на Џеј и целиот приход од истите да биде за Марија, Ана, Нада и Андријана.

– Сите кои го познаваа Џеј знаат дека тој секогаш им помагаше на сите на кои им требаше помош. Секој ја знаат приказната дека купуваше храна за сиромашните, но и дека им делел пари. Поради неговото големо срце, не е ни чудо што Лукас е решен да возврати на неговата дарежливост и да му помогне на семејството на Џеј – вели на крајот изворот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести