16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА СТУДЕНТКА ОД ЛОНДОН: “Изгубив невиност со професорот, утрово добив порака..”

Ова е приказната раскажана за британски „The Sun“.

Почитуван психолог: Имам фантастични сексуални односи со оженет човек, кој е многу постар од мене, но можеби сум и причината што пропадна неговиот брак, и се чувствувам многу виновна. Имам 19 години и сум од Индонезија, но дојдов овде на факултет да студирам бизнис.

Се чувствувам многу виновна бидејќи ја изгубив невиноста со оженет човек. Тој ни одржа предавање каде зборуваше за неговиот успешен бизнис преку Интернет. Потоа разговарав со него и му реков дека е инспиративно.

Изгледаше задоволен и ме праша каде може да руча пред да го фати возот за дома.

Нашето универзитетско бифе не е многу големо, па затоа му предложив еден ресторан во близина. Потоа ме замоли да одам со него на ручек.

Јас прифатив и така се запознавме. Му зборував за моето семејство. Тој има 41 година и е од Индија. Тој е оженет и има две деца, но тие и неговата сопруга живеат во Индија.

Тој ми го побара телефонскиот број и почнавме да пишуваме на „WhatsApp“ и да флертуваме. Следната недела се сретнавме повторно во Лондон. Ме праша дали може да ме бакне.

Му реков дека морам да заминам, но тој ми рече: „Не оди. Сакам да те запознаам повеќе. Се чувствувам како да се заљубувам“.

Се израдував и тој ме покани во неговата хотелска соба. Имавме секс. Тоа беше прв пат, но ме направи да се чувствувам навистина добро. Тоа не само што беше моја прва сексуална средба, туку и тој беше и мојот прв дечко.

Тој рече дека неговата сопруга има 47 години и дека одамна немале секс. Двајцата работат напорно и никогаш немаат време еден за друг.
Почнавме редовно да се состануваме и тоа не беше само за секс  иако беше неверојатно.

Ние се заљубивме. Поминувавме денови заедно како маж и жена и тој ми помогна во студиите.

Но, утрово се разбудив со порака која ми го скрши срцето.

Тој напишал: „Морам да заминам и да се вратам во Индија. Мојата сопруга беше тука и ги виде пораките меѓу нас. Жал ми е. Ќе се обидам да најдам начин да те контактирам кога ќе се вратам“.
Не знам што да правам. Дали го растурив нечиј брак? Моето семејство има строги вредности и тие ќе се чувствуваат многу засрамени од мене.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести