21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

РАПЕР ИЗБЕГА ВО КОСОВО ОТКАКО НАПРАВИ ХАОС

Од територијата на Косово се огласи познатиот албански рапер Стреси (Арикмед Лусај), организатор на протестот во Тирана кого полицијата го бараше. Тој потврди дека побегнал од земјата со погребно возило.

Пповеќе од 150 лица биле приведени за време на протести. Некои од нив беа ослободени, а околу стотина останаа во притвор.

Меѓу приведените беше и главниот уредник на весникот „Коха Јоне“, кога припадници на специјалната полициска единица, според сопственикот на весникот Никола Лесија, насилно го одвеле пред редакцијата.

Сепак, по разговорот на сопственикот со директорот на полицијата, главниот уредник на весникот беше ослободен со образложение дека настанала грешка.

Протестите, кои избувнаа и во другите албански градови, следеа откако полицаецот Невалдо Хајдарај во раните утрински часови во вторникот пукаше и го уби 25-годишниот Клодијан Раша, бидејќи тој не одговори на полициското барање да запре во текот на ноќниот полициски час.

Судот во Тирана претходно објави дека Хајдарај ќе остане во притвор додека е под истрага за убиство поради прекумерна употреба на сила.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести