20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ОВАА ГРУПА ЛУЃЕ НАЈЛОШО ПОМИНУВА СО КОВИД-19

Едно научно истражување во Велика Британија укажува на тоа дека пет гени се поврзани со најтешки форми на Ковид-19, како и дека неколку постоечки лекови би можеле да бидат употребени за лекување луѓе кои се под ризик да се разболат сериозно, пренесува Ројтерс.

Научниците проучувале ДНК на 2700 пациенти сместени на 208 одделенија за интензивна нега ширум Велика Британија и дошле до заклучок дека пет гени поврзани со два молекуларни процеси, антивирусен имунолошки одговор и воспаление на белите дробови, имаат клучна улога во многу тешки случаи на болеста.

Истражувањето, чии резултати се објавени во магазинот „Нејчр“ делумно објаснува зошто некои луѓе развиваат тешки форми на Ковид-19, а исто така, укажува на лековите кои би можеле да бидат користени како терапија и кои би требало да бидат тестирани во склоп на клиничките испитувања.

Станува збор за антивирусни и антиинфламаторни лекови, меѓу кои како најпотентен се истакниуваат ЈАК инхибиторите, истакнуваат авторите на студијата. ЈАК инхибиторите се користат во лекувањето рак и инфламаторните болести како што е ревматоидниот артритис. Тимот наведува дека поттикнувањето на активноста на генот INFAR2, еден од петте кои имаат клучна улога во развојот на тешките форми на Ковид-19, би можело да создаде заштита од вирусот затоа што најверојатно може да го „глуми“ ефектот на лекување со интерферон. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести