7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

АЗЕРБЕЈЏАН ПОВТОРНО ГИ НАПАДНА ЕРМЕНЦИТЕ – Мировниот договор пропаѓа!?

Иако Аазребјџан и Ерменија потпишаа мировен договор со посредство и гаранции од Русија, а потоа и од Турција, во завојуваниот регион на Нагорно Карбах нема мир. Министерството за одбрана на Ерменија објави дека азербејџанските сили ги обновиле воените дејствија во Нагорно Карабах.

„Азербејџанските сили ги продолжија борбените дејствија во правец кон населбите Стари Таглар и Хчеберд денес, на 12 декември“, се вели во соопштението.

Се додава дека армијата Нагорно Карабах ги презела сите потребни чекори во врска со ова. Засега е непознато дали има жртви во борбите.

Исто така, азербејџанската страна досега не даде коментар за ова прашање.

Патем, како што потсетуваат руските медиуми, овие две места во Нагорно Карабах се енклави во територијата која според договорот му припадна на Азарбејџан,и единствени кои не се под контрола на азербејџанската армија.

Да потсетиме, Азербејџан и Ерменија, со посредство на Русија, постигнаа примирје на 10 ноември, а потоа сите борбени операции беа целосно запрени.

Во согласност со мировниот договор потпишан во Москва, покрај примирјето, беше договорена и размена на затвореници.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести