7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ХАОС ВО АЛБАНИЈА: Летаа солзавци, полицијата користи водени топови – министерот поднесе оставка (видео)

Неколку стотици луѓе, воглавно млади, се собрале вечерва пред зградата на министерството за внатрешни работи во Тирана да протестираат поради убиството на 25 годишниот Клодијан Раша кој во четвртокот бил го убил полицаец.

За време на протестите избил судир меѓу демонстрантите и полицијата. Полицијата употребила водени топови за да ги растера демонстрантите, јавил Ројтерс.

Демнонстрациите биле одржани и во други албански градови но со помалку насилство.

Рама рекол дека употреба на сила од страна на полициските службеници била претерана, како и тоа дека ќе биде спроведена истрага за овој случај, а сторителот ќе биде изведен пред лицето на правдата.

На Клодијан Раша во вторникот навечер пукал полицаец бидејќи не се одзивал на барањето да застане поради кршење на ножниот полициски час.

Убиството на момчето довело до протести кои се одржале и во средата, кога полицијата употребила солзавец како би ги спречила демонстраните да влезат во зградата на владата на Албанија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести