13.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

ТАЖНО: Тоне симболот на Византија во Истанбул

Властите предупредија дека базиликата Цистерна во Истанбул или Потонатата палата е во опасност да се сруши во случај на земјотрес.

Овој објект е изграден во 542 година п.н.е. за време на владеењето на византискиот император Јустинијан Први. Изградена е за да се снабдува палатата со вода и во моментов се обновува.

Раководителот на Одделот за културно наследство во Истанбул, Октај Озел, вчера изјави дека самите реставраторски работи, кои започнаа пред четири години, претставуваат ризик. Како што рече, нема време за чекање и објектот мора да биде заштитен од ризик.

  • Ја тестиравме металната конструкција што ги поврзува столбовите. По тој повод, откривме недостатоци. Првично, конструкцијата била дрвена, и била заменета за време на реставрацијата во првите години на Република Турција. Со текот на времето кородираше – предупреди Озел.

Тој истакна дека сега чекаат одобрување за зајакнување на структурата. Според него, многу е тешко да се работи во историски градби без да се оштетат.

Озел предупреди и дека е загрозена пошироката област каде што се наоѓа палатата, т.е. да се закануваат дека ќе пропаднат. Тој повтори дека тоа мора да се спречи и затоа што ова место го посетуваат голем број туристи.

Овој објект е една од најпосетуваните туристички локации во Истанбул.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести