20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СПЕКТАКЛ ВО НАЈАВА: ТАЈСОН И ХОЛИФИЛД ПОВТОРНО ЌЕ БОКСУВААТ

Легендарниот Мајк Тајсон неодамна се врати во рингот по пауза од 15 години, а очигледно љубителите на боксот наскоро очекуваат нов спектакл.

Тајсон боксуваше нерешено во осум рунди против Рој Џонс на егзибициски натпревар, и се подготвува за една од најгледаните борби на сите времиња.

Мајк Тајсон му го откина увото на Ивандер Холифилд уште во 1997 година и тој неверојатен натпревар најверојатно ќе го добие своето продолжение.

  • Разговаравме со тимот на Тајсон. Изгледа ќе имаме трета борба – објави Холифилд.

Иако Холифилд е три години постар од Тајсон (58), тој изгледа крајно физички подготвен бидејќи не престана да тренира дури и по 2011 година кога се повлече од рингот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести