13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

СЀ СИ ИМА ПРЕДНОСТИ: ШТО ЗНААТ БОГАТИТЕ, А НИЕ НЕ !?

Некои од најуспешните луѓе на нашето време во животот следат едно, навидум обично правило, кое го измислил познат Американец пред скоро 300 години. Тој Американец е Бенџамин Френклин.

Имено, по две до три години школување, тој започнал да работи во продавницата за сапуни и свеќи на татко му, а имал само десет години.

Починал на 84-годишна возраст, а го паметат како познат пронаоѓач, успешен писател и бизнисмен, една од најважните фигури во историјата на САД.

Тој успех, како што пишува „Бизнис инсајдер“, го должи на своето „петчасовно правило“: секој работен ден, тој посветувал 60 минути на учење и вежбање, односно инвестирал пет часа секоја недела во конструктивна обука за психата и телото. Оваа идеја сè уште не „излегла од мода“, а редовно ја применуваат и промовираат Бил Гејтс, Ворен Бафет, Илон Маск, потоа Марк Цукерберг.

Бафет, кој веќе е во староста, малку го сменил правилото, па тој поминува дури пет до шест часа на ден читајќи дневни весници (најмалку пет) и 500 страници деловни извештаи. Гејтс прочитал околу 50 книги за 12 месеци, а основачот на Тесла, Илон Маск, читал по две книги на ден. Ниту Закерберг не заостанува: тој прочитал барем една книга во две недели.

Јасно е дека најбогатите и најуспешните навреме сфатиле дека свесното учење, со план, е клучот за успехот. За нив, тој еден час на ден не е „губење време“, туку инвестиција во себе, нивните квалитети и кариера, на крајот на краиштата. На долг рок, континуираното учење е најдобрата инвестиција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести