13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Средба на премиерот Заев со грчкиот амбасадор Јанакакис: Поддршка за пристапниот процес во ЕУ, политичката волја за решенија е европски начин на однесување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Димитрис Јанакакис, амбасадор на Република Грција, кој го завршува својот мандат во нашата држава.

Премиерот Заев се заблагодари на амбасадорот Јанакакис за неговиот конструктивен придонес во Договорот од Преспа, како и за искрените заложби за унапредување на односите помеѓу двете држави и народите во нив.

Заеднички е констатирано дека политичката волја за изнаоѓање решенија е европски начин на однесување и придобивките се обострани: бенефити во квалитетот на живот на граѓаните на двете држави како и стабилност и просперитет.

На состанокот е изразена поддршка за пристапниот процес на Република Северна Македонија кон ЕУ.

„Активно продолжуваме со реформските процеси дома и со политиките на дијалог, пријателство и добри односи со соседите, бидејки нашата иднина е европска. Благодариме за поддршката од Република Грција и во реализацијата на оваа стратешка цел за нашата држава“, рече премиерот Заев.

На средбата е разговарано за унапредувањето на економската соработка, преку поголема соработка на стопанските комори, во делот на инфраструктурата, за меѓуграничните олеснувања на движењето на граѓаните. Констатирано е дека продолжува соработката на двете држави и во време на пандемијата и се гледаат големи можности за нејзино интензивирање, во сите области.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести