10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

НЕМА ПОЈАКО – ГО ТУЖИ ДЕЧКОТО БИДЕЈЌИ ОСУМ ГОДИНИ НЕ ЈА ЗАПРОСИЛ

Многу парови веруваат дека бракот е само губење пари, односно дека бракот не е потврда за нивната љубов. Се разбира, сосема е во ред за две лица да живеат во вонбрачна заедница, се додека двајцата партнери се согласат дека е идеално за нив.

Проблемот се јавува ако едната страна не е подготвена да го направи тој животен чекор, а другата едвај чека за тоа.

Гертруда Нгома и Херберт Салалики од Замбија се заедно осум години, а Херберт секогаш тврдел дека сака да се ожени. Сепак, тој сè уште не ја запросил. Таа изморена од чекање и различни изговори на нејзиниот партнер, решила да ги земе работите во свои раце и да покрене тужба!

28-годишната Гертруда од Замбија го тужи своето момче поради моменталниот љубовен статус.

Таа пред судот рече дека не е сигурна што тој сака од нивната врска и дека е време отворено да признае зошто тој не ја запросил.

– Тој никогаш не беше сериозен и затоа го донесов тука. Заслужувам да знам како ќе изгледа нашата иднина – рече таа.

Херберт рекол дека таа не му посветува доволно внимание и тоа е главната причина зошто тој го одложува овој чекор толку долго. Тие имаат заедно дете, но тој факт не го интересираше премногу судот, кој не можеше да стори ништо посебно. Им било кажано дека мораат приватно да ги решаваат своите проблеми, пренесува „LADbible“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести