5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ТАЈНАТА ИСХРАНА ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА

Британската кралица Елизабета Втора е многу пребирлива кога станува збор за храната. Таа не може да поднесе тестенини, ориз и компири, па затоа ги забранила во палатата. Истата работа е со лукот, кој оваа 94-годишнчка го избегнува поради лошиот здив. Не сака и кромид, брза храна, известуваат британските медиуми.

Тогаш што јаде Елизабета? Одговорот на прашањето го даде поранешниот шеф на кралската палата, Дарен МекГрејди, кој откри како изгледа нејзиното дневно мени.

Кралицата  денот обично го започнува со едноставен појадок – чај и бисквити. Следува сад со житни култури, но Елизабета, грижејќи се за своето здравје и линија, ги избира оние со мал дел јаглехидрати.

Меѓутоа, кога се приближува попладнето, Елизабета е „фрлена“ на нездрава храна. Попладне ужива во кифлички со џем и крем. Покрај тоа, таа е голем љубител на чоколадо. „Таа е вистински чокохолик. Сè што ќе понудевме се, ќе избереше“ рече готвачот, кој откри и интересен начин на кој Елизабета им дава до знаење на готвачите дека оброкот не и одговара.

„За време на оброкот, таа има брошура на масата во која, ако одредено јадење не е вкусно, таа пишува: „Не сакам повеќе да го јадам ова “.

Ручеците на кралицата се прилично здрави. За овој оброк, таа обично избира мало парче риба или пилешко на скара со спанаќ или лесна салата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести