23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Олбрајт, Сервер и Бугајски денеска ќе препорачааат насоки за политиката на Бајден-Харис администрацијата во регионов

Во Комитетот за надворешна политика при претставничкиот дом на конгресот на САД, за денеска е закажано сослушување на тема Западен Балкан.

Според најавите, на ова сослушување своите ставови треба да ги изнесат поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт, професорот на Универзитетот Џон Хопкинс Даниел Сервер и аналитичарот Јануш Бугајски, кои важат за добри познавачи на состојбите во регионов.

Тие треба да дадат препораки за идната администрација, која ќе ја предводи Џо Бајден, околу заземањето на ставови кон регионот. Медиумите веќе шпекулираат околу идните насоки, а босански Дневни Аваз наведува дека има екслузивни сознанија што ќе биде препорачано на новата администрација.

„Аваз“ ексклузивно објавува дека Сервер во своето обраќање ќе побара посилен ангажман од идната администрација за спречување на сецесија на Република Српска и внатрешни реформи во смисол на ослабување на ентитетите во Босна и Херцеговина.

Во однос на косовското прашање „Аваз“ информира дека ќе се препорача целосно признавање на независноста на Косово и размена на амбасадори.

Дали Македонија и бугарското вето ќе се најдат на дневен ред и кои ќе бидат препораките по однос на блокадата на евроинтегративните процеси, засега нема информации.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести