12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

10 ФАТАЛНИ ГРЕШКИ КОИ НЕСВЕСНО ГИ ПРАВАТ СИТЕ ПАРОВИ

Без разлика дали сте во долга врска или само што почнувате да гледате некого и дали имате завидно сексуално искуство или сте почетник – сигурно ќе направите барем една грешка во кревет.

Експертите за секс и врски ги издвоија најчестите грешки што ги прават паровите кога ќе се најдат „еден на еден“.

1. Мислите дека се треба да изгледа како на филм

Филмот не е реалност. Оставете ги вашите очекувања да бидат реални и кога станува збор за вас и кога станува збор за вашата „друга половина“.

Особено, не очекувајте „долгометражен секс“ во кој се функционира совршено.

2. Се срамите да кажете што сакате

Можеби звучи смешно, но тоа е вистина: паровите почесто ќе се согласат да бидат интимни отколку да зборуваат за тоа.

– Многу парови се срамат да зборуваат за секс поради нивните сексуални преференции и потреби и чувствуваат дека не можат да зборуваат за тоа со својот партнер. Без добра комуникација, паровите често имаат секс кој се чини дека е по сценарио или повторувачки и незадоволен, вели Алекс Чинкс, лиценциран клинички психолог и клинички сексолог.

3. Ги соблекувате чорапите

Можеби не ви се чини премногу привлечно да одите во спална соба со чорапи или да ја видите „другата половина“ облечена во чорапи. Но, Чинкс тврди дека чорапите можат да бидат најсекси облека, бидејќи ги зголемуваат шансите да доживеете кулминација.

Точната причина сè уште не е утврдена, но се претпоставува дека лежи во релаксација, што понекогаш е тешко да се постигне. Имено, студените стапала можат да направат да се чувствуваме вознемирени, а потоа е потешко (или скоро невозможно) да уживаме во интимност.

4. Мислите дека „другата половина“ не ужива, затоа што не сте привлечни

Луѓето имаат тенденција да се чувствуваат навредени или засрамени доколку нивниот партнер не доживее кулминација. Тие исто така сметаат дека грешката е кај нив, бидејќи не се доволно привлечни.

 – Бидете љубопитни и трпеливи да пробате што ве возбудува и што ја возбудува вашата „втора половина, вели Александра Катехакис, клинички директор во Центарот за здрав секс во Лос Анџелес

5. Очекувате „другата половина“ секогаш да ги исполнува вашите желби

Секој има свој начин на водење љубов што најмногу му се допаѓа. Но, ако секогаш инсистирате дека вашата „друга половина“ ги исполнува вашите желби и не сакате да возвратите со иста мерка, може да има проблеми.

– Премногу луѓе претпоставуваат дека нивните партнери автоматски ќе уживаат во интимноста на ист начин како и тие – вели Катехакис.

Таа ве советува да одвоите време пред да влезете во спалната соба, за да имате безбеден, сочувствителен разговор за вашите желби и очекувања. Дури и ако сте заедно со години, преференциите на вашиот партнер може да ве изненадат.

6. Мислите дека сето тоа е фијаско ако не доживеете кулминација

– Понекогаш оргазмот не треба да биде крајната цел. Задоволството се доживува и преку исполнување желба, експериментирање со различни видови допир …

Фокусирањето исклучиво на достигнување кулминација може да доведе до вознемиреност и емоционално исклучување, вели Мелоди Ли, семеен терапевт и експерт за секс и врски.

7. Очекувате „другата половина“ да ви го прочита умот

Ова, согласни експертите, е еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат паровите, а особено е карактеристичен за срамежливите девојки.

– Ги охрабрувам партнерите да разговараат за нивните желби. Сосема е прифатливо да побарате што сакате – вели Ли.

8. Сметате дека одбивањето на интимност е знак дека тој не ве сака

Кога едниот партнер е расположен за секс, а другиот не е, првиот може лесно да размисли како е проблемот во него и како исчезнала љубовта.

– Поверојатно е дека на „другата половина“ не и е до секс, барем не во тој момент – вели Ерика Буасери, лиценциран брачен и семеен терапевт.

Нејзиниот совет е да не очајувате ако „другата половина“ некогаш ве одбие.

„Обидете се да разговарате со вашиот партнер“, советува Ерика.

9. Не користите кондом затоа што сте во врска

– Не само што тинејџерите „забораваат“ да користат кондом, туку и многу возрасни не практикуваат безбеден секс – вели Кевин Дарн, експерт за секс

Кондомите се најдобриот начин да се избегнат сексуално преносливи болести. Дури и ако сте во долга моногамна врска и не планирате потомство во блиска иднина, треба да размислите за контрацепција.

10. Заборавате што следува

Она што се случува по интимен чин може да биде исто толку важно како и она што се случува додека трае. Кога ќе завршите со сексот, можеби ќе сакате да станете или да заспиете, но ова може да го разочара вашиот партнер.

„Сексот може да биде моќно искуство со физичко врзување и барем краток разговор откако ќе ви помогне да ја зацврстите вашата емоционална врска со вашиот партнер

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести