5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ОВАА ДЕВОЈКА Е АПСОЛУТЕН ХИТ – Преубавата Италијанка ја бакна НИКОЛ КИДМАН и го полуде светот (фото)

Младата италијанска актерка Матилда де Анџелис се чини широко си ги отвори вратите на Холивуд и славатаа по бакнежот со нејзината колешка Никол Кидман, со која соработува во новата хит серија „The Undoing“.

Новата серија на HBO доживеа невиден успех, а гледачите едвај чекаа да ја видат шестата епизода за да откријат кој всушност ја убил Елена Алвеш. Можноста да игра привлечна млада мајка и беше дадено на Матилда де Анџелис, 25-годишна Италијанка, која стоеше рамо до рамо со најголемите актерски имиња на денешницата и покажа дека Холивуд сигурно може да смета на неа.

домаЖолта Штампа

Целиот свет зборува за неа: Којa е Италијанката која ја бакнува Никол Кидман? (ФОТО-ВИДЕО)

од страна на timescommk– декември 6, 2020

https://www.facebook.com/plugins/like.php?href=https://times.com.mk/zholta-shtampa/%d1%86%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82-%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b5%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%98a-%d0%b5-%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b8/&layout=button_count&show_faces=false&width=105&action=like&colorscheme=light&height=21

Младата италијанска актерка Матилда де Анџелис се чини широко си ги отвори вратите на Холивуд и славатаа по бакнежот со нејзината колешка Никол Кидман, со која соработува во новата хит серија „The Undoing“.

Новата серија на HBO доживеа невиден успех, а гледачите едвај чекаа да ја видат шестата епизода за да откријат кој всушност ја убил Елена Алвеш. Можноста да игра привлечна млада мајка и беше дадено на Матилда де Анџелис, 25-годишна Италијанка, која стоеше рамо до рамо со најголемите актерски имиња на денешницата и покажа дека Холивуд сигурно може да смета на неа.https://www.instagram.com/p/CC8AbVQBJ5j/embed/captioned/?cr=1&v=13&wp=675&rd=https%3A%2F%2Ftimes.com.mk&rp=%2Fzholta-shtampa%2F%25D1%2586%25D0%25B5%25D0%25BB%25D0%25B8%25D0%25BE%25D1%2582-%25D1%2581%25D0%25B2%25D0%25B5%25D1%2582-%25D0%25B7%25D0%25B1%25D0%25BE%25D1%2580%25D1%2583%25D0%25B2%25D0%25B0-%25D0%25B7%25D0%25B0-%25D0%25BD%25D0%25B5%25D0%25B0-%25D0%25BA%25D0%25BE%25D1%2598a-%25D0%25B5-%25D0%25B8%25D1%2582%25D0%25B0%25D#%7B%22ci%22%3A0%2C%22os%22%3A2829.2450001463294%2C%22ls%22%3A2149.805000051856%2C%22le%22%3A2249.5500002987683%7D

Ѕвездената екипа, во која се вклучени Никол Кидман, но и Хју Грант и Доналд Сатерленд, беше доволна мамка за да ги привлече гледачите во новата серија на HBO „The Undoing“. И добра одлука да се прифати малата, но импресивна улога на убиената љубовница Елена Алвеш, Матилда де Ангелис може многу добро да заработи во иднина.

Во моментов, целиот свет зборува за нејзиниот филмски бакнеж со Никол Кидман, а сето тоа веројатно на крајот може да и донесе нови и примамливи улоги.

Матилда де Анџелис е 25-годишна италијанска актерка која порасна недалеку од Болоња, а со својата убавина, но и со актерските способности, одамна ги освои филмските критичари во нејзината земја. Сега, благодарение на нејзината нова улога, таа можеше да го стори истото на светска сцена.

Иако немаше можност да глуми претерано во серијата, Матилда покажа дека е подготвена на апсолутно на се за добра улога, се соблече целосно гола, глумеше секс сцена со 60-годишниот Хју Грант, но и ја бакна 53-годишната Никол Кидман за време на сцената во лифт.

  • Најмалку се плашев од бакнување со Никол. Знаев дека добро се бакнувам, па не размислував многу за тоа, призна таа и додаде:
  • Без разлика дали тоа се моите очи, уста, гради или вагина, моето тело е само друга алатка што ја користам за да се изразам. Тоа сум јас. Сè додека целта е исполнета, голотијата може да биде моќен начин да се изразите и да убедите некого за нешто.

Инаку, нејзиниот сон од детството беше да стане пејачка, па со задоволство ги сподели своите музички записи на социјалните мрежи, но нејзиниот живот напиша поинакво сценарио пред пет години, кога беше избрана на отворен кастинг во Рим за прв нејзин актерски ангажман. На повик на пријател, таа отпатувала од Болоња во Рим на аудиција за девојче со специфичен изглед, кое не е професионална актерка и има акцент од одреден италијански регион. Се подразбира дека Матилда го имаше сето тоа и ја доби улогата без многу проблеми.

Таа се појави во некои италијански филмови и телевизиски проекти, но ништо не може да се спореди со овој успех во светот. Откако нејзиниот агент ја известил за новата серија аудиции на HBO, таа се снимила во Болоња, а потоа и го испратила видеото.

За неа, улогата во „The Undoing“ не беше само нејзин прв ангажман за американската телевизија, туку и нејзина прва глума на англиски јазик, прв пат во Њујорк, каде што се снимаше серијата, како и нејзин прв филмски бакнеж, ни помалку ни повеќе со оскаровката Никол Кидман.

  • Кога ја прочитав сцената, бев убедена дека нема шанси да ја добијам улогата, бидејќи тоа беше голема сцена и ја одглумив на свој начин. Си реков дека ќе се обидам и ќе дадам се од себе, па кога ми рекоа дека ја добив улогата, не можев да верувам, открила таа и додала дека славела многу опивајќи се и цела ноќ ја минала танцувајќи со пријателите.

Со цел подобро да се подготви, таа се запиша на приватни часови по англиски јазик, а потоа отпатува за Њујорк да ги запознае Никол Кидман и Хју Грант.

  • Прв пат дојдов во Њујорк и бев многу возбудена. Беше неверојатно да се прошета низ тој град и само да се изгубиш, рече актерката.

Матилда ја играше Елена Алвеш, млада мајка на две деца што предизвика немири меѓу членовите на високото општество, чии деца одат во луксузно приватно училиште. Само со време стана јасно дека таа има љубовна врска со детскиот онколог (Хју Грант), всушност сопруг на Грејс Фрејзер, која ја играше Николас Кидман.

Благодарение на оваа улога, таа веќе имала можност да ја краси насловната страница на италијанската „Gracie“, дала интервјуа за „W“ и „Interview“, а имала и можност да снима мини серија за Леонардо да Винчи, во која играат Фреди Хајмор и Ајдан Тарнер.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести