Старлетата не престанува да ја изненадува јавноста со своите модни избори.
Најпознатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан е висока само 159 сантиметри, но затоа го пали светот со своите атрибути, а особено со задникот. Во еден момент, сите сакаа да имаат позадина како Ким.
Најпознатата старлета со години привлекуваше внимание со своите комбинации на облека, а нејзината нова фотографија на Instagram ги шокираше сите и собра нешто помалку од 2 милиони лајкови.
Ким позираше во тесен фустан кој ги истакна нејзините прекрасни облини. Овој пат, сепак, нешто друго беше во центарот на вниманието.
Таа носеше фустан со сопствен лик, на снимањето на рекламна кампања за новата роденденска колекција на нејзиниот козметички бренд.

