8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Најавите на Мицкоски за коалиции траат колку едно кафе

Неискреноста и манипулациите бргу се откриваат, таков беше и случајот каде преку медиумите блиски на Мицкоски се најавуваше коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Тоа не само што не случи, туку БЕСА отиде во предизборна коалиција со СДСМ и токму гласовите на Касами веројатно го одлучија победникот на изборите. Пет месеци подоцна тој проговори зошто му ја откажал довербата на Мицкоски.

Христијан Мицкоски не работи ништо поразлично од претходното раководство во однос на правата и подобрувањата на правата на Албанците, изјави на ТВ 21 лидерот на БЕСА, Биљал Касами.

  • На Мицкоски му дадов шанса да се промени, се сретнав во него во центарот на градот, но не прави ништо во овој правец. Во овој момент соработката меѓу македонските и албанските опозициски партии не е принципиелна – рече Касами.

Лидерот на Беса во јули 2019 година пиеше кафе и се сликаше на плоштад до Христијан Мицкоски, а во медиумите се најавуваше ја новата коалиција.

  • Тема на разговорите беше актуелната политичка состојба, стратешките интеграции на Македонија и искористувањето на потенцијалите за соработка. Мицкоски и Касами се согласија со оценката дека власта ги закочи интеграциските процеси кои треба да се динамизираат со крупни реформи кои досега не се реализирани. На средбата беше посочено дека останува акутен проблем постоењето на корупција на високо ниво, постојат отворени сомневања за криминал на раководни структури на власта како и сериозни аномалии и отсуство на волја за воспоставување на владеење на правото и правната држава. Беше договорено во иднина да продолжат ваквите средби во насока кој ќе дадат импулс во јакнење на демократскиот амбиент и заедничката борба против актуелната власт, соопштија тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Заради немањето став и постојаното “играње” на сите страни Мицкоски не остава впечаток на сериозен политичар и сега му се случува истото.
На средба во хотелот Хилтон со Зијадин Села и Африм Гаши најави нова коалиција, а месец дена подоцна стигна непријатно барање од Гаши да избира меѓу нив и Груевски.

По пораката од Гаши од Алтернатива, стигна порака за Мицкоски и од лидерот на опозициската партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој во интервју за „360 степени“ зборуваше за наводите за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори в година.

Осврнувајќи се на настанот во организација на германската фондација “Конрад Аденауер” на кој се најде на иста маса со Христијан Мицкоски, Села вели дека станува збор за активност на која учествувале сите десничарски партии од регионот.

„И сега почнува да се сервира во јавноста, во најразлични форми, хипотетички, дали имаме тенденции за да правиме коалиции… Како прво, предизборна коалиција, Алијансата за Албанците, се додека има отворени етнички прашања, не прави со ниедна политичка партија“ – рече Села.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести